Достапни линкови

Претседателот на Јужна Осетија отстапи од функцијата


Едуард Кокоити

Едуард Кокоити

Претседателот на Јужна Осетија Едуард Кокоити се повлече од функцијата и ги предаде должностите на премиерот Вадим Бровтсев, кој ќе ги извршува претседателските задачи до изборите за нов шеф на државата, закажани на 25 март 2012 година. Кокоити исто така потпиша препорака до Собранието за повлекување од должност на државниот обвинител Таимураз Кугаев и претседателот на Врховниот суд во земјата Атамаз Биченов. Сето тоа е дел од договорот кој беше постигнат на деветти декември, кој претседателот го склучи со лидерот на опозицијата Ала Џиојева. Тензии се создадоа во грузискиот регион по минатомесечните претседателски избори во Јужна Осетија. Наводно, резултатите од гласањето покажале изборна победа на лидерот на опозицијата.
XS
SM
MD
LG