Достапни линкови

Привршуваат протестите во Русија


од денешните протести

од денешните протести

Привршуваат протестите во Русија кои опозицијата ги организираше во знак на незадоволство од резултатите од парламентарните избори во земјата, кои се одржаа на четврти декември. Изборната комисија ги прогласи за валидни резултатите од гласањето, според кои изборната победа припадна на партијата на чело со премиерот Владимир Путин. Организаторите на демонстрациите во Москва проценуваат дека 40.000 демонстранти го изразлиле своето незадоволство од изборните резултати, додека полицијата тврди дека во главниот град на земјата протестирале околу 25.000 лица. Приврзаниците на опозицијата бараат поништување на резултатите од гласањето, како и ослободување на политичките затвореници. Освен во Москва, денеска се организираа протести и во Сенкт Петерсбург, каде на плоштадот Пионерскаја се собраа околу 10.000 лица. Полицијата во меѓувреме растури непријавен протест во градот, инцидент во кој вооружените лица тепале демонстранти и привеле неколкумина.
XS
SM
MD
LG