Достапни линкови

logo-print

Петров:Од Унијата очекуваме датум за почнување на преговорите


Перспективите за интеграција на Западен Балкан е темата на денешната конференција што се одржува во Берлин, на која, покрај високите дипломатски претставници од Албанија, Косово, Србија, БиХ, Црна Гора и Хрватска, учествува и македонскиот заменик-министер за надворешни работи Зоран Петров.Тој во своето излагање ја реафирмираше определбата на Македонија за напредок на патот кон евроатлантските интеграции. „Македонија напредува во секој поглед. Тоа го покажуваат бројките, но го потврдува и извештајот на ЕК. Она што го очекуваме од Унијата е конечно датум за почнување на преговорите и валоризирање на постигнатото“ рече Петров.
XS
SM
MD
LG