Достапни линкови

Предадени нобеловите награди


Трите жени кои годинава ја делат Нобеловата награда за мир денеска и официјално ја преземаа на церемонијата во Осло. Либериската претседателка Џонсон Сирлиф, либеријската активистка Лејман Гбове и јеменската активистка Тавакол Карман добија по третина од паричниот дел од наградата во износ од 1.48 милиони американски долари, како и златни медали и дипломи. Претседателот на норвешкиот нобелов комитет Тхорбјорен Џагланд рече дека трите жени „ја претставуваат една од најважните мотивирачки сили за промена во денешниот свет; борбата за човекови права како и борбата на жените за еднаквост и мир“. Тој додаде дека добитничките се пример за жени кои одбиле да ја преземат улогата на жртви и одлучно постапувале за прекин на војна како и промоција на мир, човекови права и демократија.
XS
SM
MD
LG