Достапни линкови

Руската полиција растури непријавен протест


Москва, денеска

Москва, денеска

Руската полиција интервенирала за растурање на непријавен протест во Санкт Петерсбург денеска, кој се организирал параллено со пријавените демонстрации на плоштадот Пионерскаја, јавија медиумите. Десетици илјади демонстранти се собрани на протести во Санкт Петерсбург и Москва во знак на незадоволство од победата на партијата на Владимир Путин на парламентарните избори во земјата. Во главниот град митингот се одржува на Плоштадот Болотнаја на остров на реката Москва, кој е во близина на Кремљ. Изборните власти ги прогласија резултатите од гласањето за валидни. Анти-владините протести се во организација на опозицијата, која доби овластување да организира демонстрации на кои би учествувале најмногу 30.000 лица.
XS
SM
MD
LG