Достапни линкови

ЗНМ очекува јасен владин став за декриминализација на клеветата


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) очекува јасен став од Владата за декриминализација на клеветата, во спротивно најави дека ќе го преиспита учеството во работната група формирана за надминување на проблемите со медиумите во земјата. Членовите на ЗНМ на денешното Годишно собрание повторно истакнаа дека не поддржуваат донесување на закон за медиуми се` додека нема доследна примена на актуелните норми. „Најсериозен предизвик за дијалогот е идејата на Министерството за транспорт и врски да отвори дебата за потребата од донесување на закон за медиуми. Ставот на ЗНМ е јасен, потреба за таков закон нема, но сме подготвени да го поддржиме процесот на усогласување на Законот за радиодифузна дејност со Европската директива и со препораките на Советот на Европа и на извештајот за напредокот на Македонија“ изјави претседалот на здружението Насер Селмани. Евентуалната потреба за донесување на нови закони, според него, ќе се утврди во работната група на Владата и ЗНМ.
XS
SM
MD
LG