Достапни линкови

Приведени пет лица по тепачката во автобус во Скопје


Полицијата синоќа на автобуската постојка пред Комплекс банки, како и во градскиот автобус на ЈСП - Скопје број 74, кој сообраќал на релација Транспортен Центар - село Долно Количани изврши увид по тепачката меѓу малолетници, во која три лица беа повредени. По досега преземените мерки пронајдени и приведени се пет лица, од кои едно е малолетно, сите од селото Горно Количани, соопшти полицијата, додавајќи дека биле во тек мерки за пронаоѓање и на евентуално други лица учесници, како и мерки за целосно расчистување на случајот по што против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.
XS
SM
MD
LG