Достапни линкови

Правната победа за Македонија изгледа празно


Од протестот во Солун по пресудата на МСП по тужбата на Македонија против Грција, 05.12.2011.
Од протестот во Солун по пресудата на МСП по тужбата на Македонија против Грција, 05.12.2011.

Ова се наведува во коментарот објавен во весникот Економист за последната пресуда на Меѓународниот суд на правдата во Хаг во врска со спорот меѓу Македонија и Грција околу името.

Градителите ја привршуваат Триумфалната капија во Скопје. Сепак, во поголемиот дел од 20 годишната историја на оваа мала и сиромашна земја имаше малку триумфи.

Од осамостојувањето во 1991 година Македонија е заклучена во исцрпувачки спор со Грција околу името. Грција верува дека тоа подразбира и претензии спрема северниот грчки регион со истото име.
Меѓународниот суд на правдата во Хаг
Меѓународниот суд на правдата во Хаг

Но, на 5 декември судиите на Меѓународниот суд на правдата во Хаг конечно на Македонците им дадоа победа.

Во 1995 година со посредство на Обединетите нации е постигнат договор, според кој, до решавањето на ова прашање, Грција нема да ја спречува Македонија да влезе во меѓународни организации, се додека таа ја има незгодната етикета Поранешна Југословенска Република Македонија или ПЈРМ.
Кризата со евото значи дека проширувањето не е приоритет за Европа. Всушност, многу земји се среќни да се изнајде каков било изговор да не го спроведат. Грчките приговори околу името на Македонија убаво ќе послужат за тоа.

Сепак, во 2008 година, Грција го запре проширувањето на НАТО, односно поканата на Македонија за членство во Алијансата, пишува Економист, додавајќи:

„Македонците тврдат дека ова претставува прекршување на договорот од 1995 година. Тоа тврдење сега е потврдено и од Меѓународниот суд на правдата.“

Сепак, победата на Македонија, барем засега, изгледа празно. Судот одби да и укаже на Грција да се воздржи од слични однесувања во иднина, тврдејќи дека не постои причина да се претпостави оти Атина повторно ќе се однесува на таков начин.

По пресудата, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен рече дека во 2008 година Алијансата донесе одлука да не ја покани Македонија се додека не биде решено прашањето за името. Ова, како што разјасни, не се променило.

Што е со Европската унија? Од 2009 година Грција блокира на Македонија да и биде понуден датум за преговори. Новиот грчки премиер Лукас Пападимос е преокупиран со финансиската криза и не се занимава со спорот за името.

Со Грција која сега преживува со европски кредити, некои насетуваат можност, доверителите од Европската унија, од кои многумина наоѓаат замореност во грчката непопустливост, да бараат повеќе флексибилност околу долгогодишниот спор. Но, тоа изгледа наивно.

Спирос Икономидес од Лондонската школа за економија, вели дека нема никаков притсок врз Грција да и дозволи на Македонија да ги започне преговорите со Европската унија и тоа не го очекува ни сега.

Кризата со еврото значи дека проширувањето не е приоритет за Европа. Всушност, многу земји се среќни да се изнајде каков било изговор да не го спроведат. Грчките приговори околу името на Македонија убаво ќе послужат за тоа, се заклучува во текстот објавен во весникот Економист.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG