Достапни линкови

Тадиќ: Нема отстапување од Европа и од Косово


Српскиот претседател Борис Тадиќ

Српскиот претседател Борис Тадиќ

Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека без разлика на одлуката на Советот на Европската унија Србија не смее да се откаже од евроинтеграциите, бидејќи секоја поинаква одлука би имала далекусежни и тешки последици за граѓаните. Притоа, како што рече тој, Србија не треба да се откаже ниту од заштитата на легитимните, државни и национални интереси на Косово. Тадиќ изјави дека Србија и српскиот народ и припаѓаат на Европа и поради тоа, како и поради фактот дека за политиката на евроинтеграција добил поддршка на изборите, не сака да се откаже од европскиот пат.
XS
SM
MD
LG