Достапни линкови

Пилај: во Сирија е можна граѓанска војна


Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Нави Пилај уште еднаш побара од сиријските власти да им дозволат на меѓународни посматрачи да влезат во таа земја. Притоа таа предупреди дека Сирија е на раб на граѓанска војна. Според податоците на Обединетите нации, од почетокот на антивладините протести во март годинава досега загинале над 4 илјади луѓе. Само во вчерашните инциденти, како што јавуваат активисти за човекови права, биле убени 24 луѓе.
XS
SM
MD
LG