Достапни линкови

logo-print

Нови избори во Јужна Осетија


Претседателот на Јужна Осетија Едуард Кокоити и рускиот премиер Владимир Путин

Претседателот на Јужна Осетија Едуард Кокоити и рускиот премиер Владимир Путин

Во отцепениот грузиски регион Јужна Осетија, проруските власти и опозицијата се договорија новите избори за претседател да се одржат на 25 март догодина. Станува збор за повторување на гласањето одржано во минатиот месец на кое, неочекувано победи кандидатот на опозицијата Ала Џиоева. Според договореното, претседателот Едуард Кокоити денеска ја напушта функцијата, а неговото место привремено, односно до следните избори, го презема премиерот Вадим Бронцев. Русија ја призна Јужна Осетија за независна држава по кратката војна со Грузија во 2008 година.
XS
SM
MD
LG