Достапни линкови

logo-print

Руската опозиција на протести против Путин


Приврзаници на руската опозиција денеска во Москва и во други градови во Русија одржуваат протести поради, како што наведуваат, фалсификувани парламентарни избори. Властите соопштија дека распоредиле дополнителни десетици илјади безбедносни сили, најмногу во Москва околу 50 илјади. Протестот во Москва е дозволен од локалните власти. Демонстрантите бараат повторување на изборите што се одржаа во минатата сабота и на кои победи владејачката партија Единствена Русија. Во досегашните протести полицијата приведе стотици демонстранти.
XS
SM
MD
LG