Достапни линкови

Светски ден на правата на човекот


Нави Пилај

Нави Пилај

Денеска во светот се одбележува Денот на човековите права. Станува збор за годишнина од денот кога во 1948 година Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на човекот. Документот кој беше подготвуван веднаш по Втората светска војна претставува прво светско признавање на, како што се наведува, ,,достоинството и еднаквите и неотуѓиви права на сите припадници на човековото семејство,,. Во пораката по повод 63 годишнината од Декларацијата, Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Нави Пилај изјави дека 2011 година покажа дека правата на човекот можат да се изразуваат и преку социјалните интеренет мрежи. Тоа, според Пилај, особено се покажало за време на Арапската пролет кога преку овие социјални мрежи обичните граѓани можеле да им спротивстават на авторитарните режими. Таа додаде дека владите веќе немаат способност да го монополизираат ширењето информации и да ги цензурираат мислењата што не се идентични како нивните.
XS
SM
MD
LG