Достапни линкови

logo-print

Тројца повредени во оружен инцидент во Скопје


Три лица биле повредени во инцидент што синоќа се случил во автобус на ЈСП ,,Скопје,, што сообраќа до село Количани. Според првичните полициски информации, патници во автобусот почнале расправија, по што еден од нив извадил пиштол и пукал во спротивставената група, а некои од учесниците во расправијата користеле и ножеви. Притоа, според полицијата, настрадало 15 годишно девојче кое било погодено со куршум. Другите две лица биле повредени со нож. Полиција е во потрага по насилниците.
XS
SM
MD
LG