Достапни линкови

logo-print

Српскиот вице-премиер си го одржа зборот, поднесе оставка


Српскиот вице-премиер, задолжен за евро-интеграциите, Божидар Ѓелиќ, објави во Брисел дека поднесува оставка. Тој на новинарите им образложи дека се повлекува од функцијата бидејки денешната одлука на Советот на Унијата да го одложи доделувањето кандидатски статус на Србија, не е тоа што го очекувал Белград.

Ѓелиќ всушност си го одржа зборот, бидејки во август годинава, по посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Белград, изјави дека доколку Србија во декември не добие статус на кандидат за членство во ЕУ, тој ќе си поднесе оставка.
XS
SM
MD
LG