Достапни линкови

Ховит: До кога Македонија без датум за преговори?


Одлуката на европските лидери повторно да не доделат датум за почеток на преговори на државите кои подолго време ја имаат препораката како од Европската комисија, така и од Парламентот, се заканува да го наруши кредибилитетот на Европа по прашањето за проширување на Унијата, смета европратеникот и известувач за Македонија во ЕП Ричард Ховит, јави допиникот на МИА од Брисел.
- Ова секако не е неочекувана, но е длабоко несакана одлука. ЕУ не може да продолжи година, по година да ја одложува можноста за отворање на пристапни преговори, без да загуби на својот кредибилитет, притоа мислејќи на одложувањето на датум за Македонија, која веќе трета година по ред ги добива препораките на ЕК и ги има исполнето Копенхашките преговори, рече Ховит.
Тој додаде и дека Европскиот парламент стои цврсто на својот став Македонија да почне со преговорите за влез во Унијата, без натамошно одлагање.
XS
SM
MD
LG