Достапни линкови

Мемети: Потребна е поголема промоција на човековите права


Денот на човековите права - 10 декември оваа година го посветуваме на бранителите на човековите права и медиумите, кои во своето функционирање имаат суштинско значење за промоцијата на човековите права како и за јакнење на свеста за начинот на нивната заштита, стои во денешната порака на народниот правобранител, Иџет Мемети.
Човековите права, според соопштението, се основа за градење слобода, мир и правда. Бранителите на човековите права играат суштинска улога во заштитата од какви било повреди и за почитување на универзалниот принцип на еднаквост.
Народниот правобранител потсети на потребата за поголема промоција и заштита на човековите слободи и права во нашето општество, како и за обврската на државата се повеќе да ги поддржува активностите за постигнување на овие цели.
- Денот на човековите права претставува добра можност за поздравување на сите активности на познатите и непознати бранители на човекови права, што треба да претставува инспирација за сите нас во насока на јакнење на нашите напори за поголем ангажман на овој план, се вели во пораката на народниот правобранител.
XS
SM
MD
LG