Достапни линкови

Промовирана програмата за превенција на корупцијата 2011-2015


Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ја промовира третата по ред Државна програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси 2011-2015.
Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, ДКСК потпиша Меморандум за соработка и взаемна поддршка за спречување на корупцијата и судир на интереси со претставници од приватниот сектор.
Претседателот на ДКСК, Воислав Зафировски информира дека програмата идентификува 11 ризични сектори во севкупниот општествен, политички и економски живот. Како високо ризични за можност за корупција во програмата се посочени политичкиот и правосудниот систем, јавната администрација, органите за спроведување на законот, царината, јавниот и приватниот сектор, а првпат и образованието и спортот, здравството и социјалната политика, како и медиумите.
XS
SM
MD
LG