Достапни линкови

logo-print

Политичките партии не се изненадени од тоа што Македонија не беше на дневната агенда на самитот на Европската унија во Брисел. Препораката ќе се разгледува напролет, како и српската кандидатура за членство во ЕУ. Црна Гора пак ке почне преговорите во Јуни 2012. Хрватска денеска го потпиша договорот за зачленувањае во ЕУ.

Лобирањето од страна на македонските власти не помогна Македонија да добие датум за преговори. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека не се изненадени од епилогот, но се оптимисти дека на следниот самит, Македонија треба да го добие посакуваниот датум за почеток на преговорите.
Проблемите поврзани со економската криза на државите членки на Европската унија очигледно го детерминираа и текот на одлуките и расправите кои се одвиваат таму.

„Проблемите поврзани со економската криза на државите членки на Европската унија очигледно го детерминираа и текот на одлуките и расправите кои се одвиваат таму“, изјави Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Одложувањето на каква било одлука за добивање датум за преговори за Македонија е поради краткиот рок по одлуката на Хашкиот суд, велат од Демократската унија за интеграции. Претпоставуваме дека тоа е поради потребата од создавање време да се креира став за таквата одлука и за тоа кои би биле нејзините последици во евроинтегративниот процес, изјави Бујар Османи од ДУИ.
Граѓаните ја прославуваат препораката на ЕК за преговори со Македонија за членство во ЕУ на 14 октомври 2009 година.

Граѓаните ја прославуваат препораката на ЕК за преговори со Македонија за членство во ЕУ на 14 октомври 2009 година.


„Вклучувањето на ДУИ дирекно во тој сектор даде нов дух и нова динамика, за која верувам дека ќе биде валоризирана од страна на Европската комисија.“
Народот вели во очи на Божиќ прасе не се тови. Според тоа тешко би можело да се поверува дека ова е продуктивна политика. Се покажа дека таа нема никакво влијание кај меѓународниот фактор.

Опозицијата, пак, смета дека власта има погрешен пристап околу евроатлантските интеграции и сите напори во таа насока се за домашна употреба. Лобирањето непосредно пред самитот не помогна, а дипломатските постапки на актуелната влада се непродуктивни, велат од НСДП.

„Народот вели во очи на Божиќ прасе не се тови. Според тоа тешко би можело да се поверува дека ова е продуктивна политика. Се покажа дека таа нема никакво влијание кај меѓународниот фактор“, изјави претседателот на НСДП, Тито Петковски.

За Демократската партија на Албанците, пак, ваквиот развој на настаните во однос на македонските евроинтеграции не е ништо ново.

„Името, значи без решавање на тој проблем глупи се секави изјави и секоја дипломатска агенда што ќе ја има владата и секој збор што ќе го каже - еве за три месеци, за пет, шест месеци, мислам дека тоа се само празни зборови“, изјави Зијадин Сеља од ДПА.

Политичките аналитичари не се надеваат дека следниот претседавач со Унијата, Данска ќе ги забрза македонските евроинтеграции. Тоа што земјава не беше ниту спомената на актуелниот самит на Унијата само покажа дека пресудата на меѓународниот суд во Хаг нема да го промени мислењето на Советот на министри на државите членки на Унијата, вели политикологот Соња Стојадиновиќ

„Ако мислевме ние дека со пресудата во Хаг, пресудата ќе направи промена на агендата која се прави со месеци однапред, тоа беше и малку преголемо очекување, не преамбициозно, дури и заблуда.“

Таа додава дека земјава мора да продолжи со спроведување на реформите, а проблемот со името не треба да биде алиби за незавршените домашни задачи.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG