Достапни линкови

Хрватска го потпиша договорот за членство во ЕУ


Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ и премиерката Јадранка Косор денеска во Брисел го потпишаа договорот за зачленување во Европската Унија во 2013-та година. На свеченоста присуствуваа лидерите на земјите членки на ЕУ. Пристапните преговори на Хрватска траеа 7 години, а меѓу главните пречки беа соработката со Хашкиот трибунал и спорот за границата со Словенија. Јосиповиќ и Косор оценија дека ова е историски ден за Хрватска и оти сега хрватскиот јазик станува 24-ти официјален во Европската Унија.
XS
SM
MD
LG