Достапни линкови

Европските лидери без заеднички договор за должничката криза и еврото


Европските лидери на самитот во Брисел се откажаа од обидот сите 27 земји членки на Унијата заедно да се договорат со цел да се справат со должничката криза и да го спасат еврото. Според некои од претставниците на Унијата, 17 земји членки кои го користат еврото ќе се обидат сами да спроведат построги фискални правила за да ја обноват довербата на пазарот и да ја зајакнат европската валута.
Земјите кои не го користат еврото ќе бидат повикани да му се придружат на новиот договор во случај ако одлучат во иднина да ја користат таа валута.
XS
SM
MD
LG