Достапни линкови

Иран го покажа запленетото американско беспилотно летало


Иран го покажува запленетото американско беспилотно летало од типот RQ-170.

Иран го покажува запленетото американско беспилотно летало од типот RQ-170.

Иранската државна телевизија денеска емитуваше видео снимка од американското шпионско беспилотно летало, за кое Техеран тврди дека го соборил во близина на границата со Авганистан. На снимката беше прикажано леталото RQ-170, на кое не беа забележани големи оштетувања.

Во меѓувреме, иранските медиуми објавија дека Министерството за надворешни работи го повикало швајцарскиот амбасадор во Техеран да изразат „најостар протест поради влегувањето на американско шпионско летало длабоко во иранскиот воздушен простор“. Швајцарската амбасада во Техеран ги претставува и интересите на САД, со оглед на тоа дека Иран и САД не одржуваат дипломатски односи.

НАТО соопшти дека леталото минатата недела летало над западен Авганистан кога изгубиле контакт со него. Иранските медиуми објавија дека леталото било соборено од иранската противвоздушна одбрана.
XS
SM
MD
LG