Достапни линкови

Попоски на состанок на министрите за надворешни работи на НАТО


Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска учествуваше на министерскиот состанок на Северно-атлантскиот совет со земјите контрибутори во Мисијата ИСАФ во Авганистан, во седиштето на НАТО во Брисел. Министерството за надворешни работи соопштува дека министрите разговарале за улогата и модалитетите на ангажманот на Алијансата во Авганистан, за време и по транзициониот период.

Подвлекувајќи го учеството и го придонесот на Република Македонија во Мисијата ИСАФ, министерот Попоски ја реафирмира подготвеноста на Македонија и натаму да ја дава својата контрибуција кон зачувувањето на глобалниот мир и безбедност, со очекување дека тоа во блиска иднина и заслужено, ќе го прави како полноправна членка на НАТО, се наведува во соопштението од МНР.
XS
SM
MD
LG