Достапни линкови

Самарас избегнал средба со Груевски


Премиерот Никола Груевски се обраќа на 20-тиот Конгрес на Европската народна партија во Марсеј.

Премиерот Никола Груевски се обраќа на 20-тиот Конгрес на Европската народна партија во Марсеј.

Лидерот на грчката Нова Демократија Андонис Самарас вчера ја одбил понудената средба со македонскиот премиер Никола Груевски во рамки на 20-тиот Конгрес на Европската народна партија, кој се одржува во Марсеј, објави државната новинска агенција МИА. Груевски вчера побарал средба со Самарас, но лидерот на грчката десница ја одбил понудата за средба со образложение дека немал време, јави известувачот на МИА.

Самарас би можело да биде нов грчки премиер, доколку неговата Нова демократија победи на изборите во Грција.
XS
SM
MD
LG