Достапни линкови

logo-print

Се отвораат факултети, а дипломите не се признаваат


Министерот за здравство Никола Тодоров во посета на битолската болница.

Министерот за здравство Никола Тодоров во посета на битолската болница.

Дипломците од Високата медицинска школа во Битола се жалат дека дипломите не им се признаваат во другите болници низ државата.

Апсурдно е во услови кога се отвораат нови факултети, високи школи и студиски програми, одредени дипломи да не се признаваат во институциите каде дипломираните кадри треба во иднина да работат. Ова го велат група дипломци кои штотуку ја завршија Високата медицинска школа во Битола, а реагираат дека дипломите не им се признаваат во другите болници низ државата.
Тој беше министер за образование сигирно знае дека постои ваква школа во Битола, но не знаеме дали е запознат дека секаде во Република Македонија дипломата од Високата школа од Битола не е признаена.

Иако завршиле факултет, при вработување ги плаќаат како со средно медицинско училиште. Дипломците ја искористија посетата на министерот за здравство, Никола Тодоров во Битолската болница, да го прашаат во што е проблемот.

„Дојдени сме за свечено доделување на дипломата од Високата медицинска школа. Тој беше министер за образование, сигирно знае дека постои ваква школа во Битола, но не знаеме дали е запознат дека секаде во Република Македонија дипломата од Високата школа од Битола не е признаена. Јас сум од Струга, а во нашата општа болница нашите дипломи не се признаени и не не плаќаат според обрзованието“, вели Елизабета Ѓоревска, дипломиран акушер.
Елизабета Ѓоревска, дипломиран акушер на Високата медицинска школа во Битола.

Елизабета Ѓоревска, дипломиран акушер на Високата медицинска школа во Битола.


​Министерот Тодоров вели е дека потребно е да се направат измени во систематизациите за работните места во болниците.

Јас од позиција на поранешен министер за образование не би смеел да кажам дека образованието не би требало да се признае, напротив секогаш треба да се валоризира повисокиот степен на образование.
„Тоа не им ги признаваат е релативна работа и поединечна. Станува збор за измени кои треба да се направат во систематизацијата и да се предвидат повеќе средства за повисока плата на тие вработени. Тоа се прави на почетокот на годината зашто буџетите на болниците се планираат однапред и е многу тешко во текот на годината да се прават вакви прилагодувања. Ќе разговарам со директорите да ги испитаме можностите дали е возможно да се признае образованието. Јас од позиција на поранешен министер за образование, не би смеел да кажам дека образованието не би требало да се признае, напротив секогаш треба да се валоризира повисокиот степен на образование“, вели Тодоров.

Освен во медицинските школи, сличен проблем е забележан и во студиски програми по странски јазици отворени на Битолскиот универзитет. Овие дипломирани кадри не можат да бидат професори во училишта зашто во систематизацијата пишува дека тоа треба да го обавуваат лица со завршен Филолошки факултет.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG