Достапни линкови

Расмусен - НАТО не ја игнорира руската загриженост


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

НАТО не ја игнорира руската загриженост за плановите за противракетниот штит, изјави генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен. Тој ова го изјави по состанокот на министрите за надворешни работи на 28-те земји-членки на НАТО со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Брисел. Расмусен рече дека „разликите остануваат“, но оти двете страни се согласиле дека е важно „да продолжи да се разговара“.

НАТО тврди дека противракетниот штит се поставува за заштита од можен напад од Иран, но Русија стравува дека тоа ќе го направи неефективен нејзиниот нуклеарен арсенал.

Расмусен рече дека останува оптимист дека политички договор со Русија може да се постигне пред самитот на НАТО во Чикаго во мај наредната година.

Сепак, Лавров изјави дека НАТО „не е подготвен на сериозна соработка“ за противракетната одбрана.
XS
SM
MD
LG