Достапни линкови

Романија негира дека во земјата има тајни затвори на ЦИА


Романија ги негира наводите во медиумите дека владини простории во Букурешт биле користени од американската разузнавачка агенција ЦИА, како импровизирани затвори во кои биле притворани и испрашувани осомничени за тероризам.

Затворот во Романија наводно бил дел од мрежата на таканаречени „црни места“ кои се контролирани од ЦИА во странство.

Сите такви затвори биле затворени во мај 2006 година, а програмата за притворање и испитување на ЦИА завршила во 2009 година.
XS
SM
MD
LG