Достапни линкови

logo-print

20 години од распадот на Советскиот сојуз


Денеска се одбележува 20 годишнината од официјалното распуштање на Советскиот сојуз кој постиоеше скоро седум децении. На денешен ден во 1991 година лидерите на Русија, Украина и Белорусија Борис Елцин, Леонид Кравчук и Станислав Шушкевич се состнаа во Белорусија и соопштија дека Сојузот на Советските Социјалистички Републики, СССР, престана да постои како меѓународно правен субјект и во геополитичката реалност. Тие потпишаа и договори со кои се етаблира наследникот на СССР, односно Заедницата на независни држави со што беше ставен крај на Студената војна. Меѓу март 1990 и крајот на 1991 година сите 15 советски републики прогласија независност. Во 2005 година тогашниот руски претседател Владимир Путин колапсот на Советскиот сојуз го оцени како најголема геополитичка катастрофа на 20 век.
XS
SM
MD
LG