Достапни линкови

logo-print

САД: Асад е или исклучен од реалноста или луд


Портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер изјави дека сирискиот претседател Башар Ал Асад или е „исклучен од реланоста “ или е навистина „луд“. Ова реакција следуваше по интервјуто на Асад за американската телевизија „ ABC News“ каде што тој изјави дека ниту една влада во светот не би си го убивала својот народ „ освен ако таа не е водена од луд човек“. Асад додаде дека тој не ги „поседува“ безбедносните сили и немало наредба за убивање или за бруталност“ на антивладините демонстранти како и дека во граѓанскиот конфликт повеќето од убиените се приврзаници и поддржувачи на Владата а не опоненти.
Тонер изјави дека Вашингтон верува оти Алад ја изгубил својата легитимност и дека мора да се повлече. Тој ги повика режимските власти да дозволат меѓународни набљудувачи и странски медиуми да влезат во Сирија за да можат да ја следат состојбата.
XS
SM
MD
LG