Достапни линкови

Дводневен самит во Брисел за спас на еврозоната


Европските лидерите вечерва во Брисел ќе ги почнат разговарите за спас на еврозоната. На ден пред почетокот на дводневниот самит германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози ги соопштија деталите од предлозите за заеднички финансиски политики односно за централизирана контрола на националните буџети. Се очекува дебатата околу новите политики кои имаат за цел да спроведат буџетска дисциплина да се води околу прашањето дали треба да се применуваат во 27-те земји членки на ЕУ или во 17-те кои се дел од еврозоната.
XS
SM
MD
LG