Достапни линкови

logo-print

Брамерц:Србија мора да го открие соработникот на Младиќ


Серж Брамерц

Серж Брамерц

Главниот обвинител во Хашкиот Трибунал Серж Брамерц во Советот за Безбедност на Обединетите Нации изјави дека со апсењето на дел од воените бегалци окончува важното и проблематичното поглавје во соработката на Србија со трибуналот но додава дека државата мора да вложи повеќе напори во откривањето на мрежата која му пружи поддршка на Ратко Младиќ.
Брамерц во шестмесечниот извештај за работата на обвинителството истакна дека со апсењето на 161-виот обвинет за воени злосторства Горан Хаџиќ се отстранети пречките за успешно завршување на мандатот на судот.
Воврска со Хрватска, Брамерц изрази загриженост поради тоа што политичарите од највисоките структури се уште го глорифицираат незаконското однесување на земјата во војната и ја доведуваат во прашање непристрасноста на Трибуналот.
XS
SM
MD
LG