Достапни линкови

Тачи: Косово сака добри односи со соседите


Косовскиот премиер Хашим Тачи вчера во Брисел, по средбата со претседателот на ЕУ Херман ван Ромпуј, изјави дека целта на Косово е да има добри односи со сите соседи, вклучително и со Србија.Тој додаде дека Косово се стреми кон тесна соработка со Македонија, Албанија, Црна Гора и кон подобри односи со Србија како две суверени држави.
Тачи истакна дека има проблеми во северниот дел на Косово, но оти Косовската влада во соработка со ЕУЛЕКС и НАТО се труди да обезбеди слободата на движење, правен поредок согласно со законите на Косово.
XS
SM
MD
LG