Достапни линкови

Бан: Борбата против климатските промени е неопходност


Борбата против климатските промени во тешки времиња не е луксуз туку неопходност. Ова го изјави синоќа генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун на конференцијата за климатски промени во јужноафриканскиот град Дурбан.
Целта на конференцијата е да се соберат пари за борба против глобалното затоплување и создавање на тело кое ќе управува со годишниот фонд од 100 милијарди евра. На конференцијата учествуваат претставници на 194 земји, но се уште е непознато дали во завршниот документ од конференцијата ќе биде спомнат и начинот на кој ќе се собераат тие пари.
Бан Ки Мун во во својот говор истакна дека во време кога многу земји „ го стегаат каишот“ издвојувањето на пари за борба против климатските промени треба да биде “ императив“.
XS
SM
MD
LG