Достапни линкови

Поранешен албански разузнавач исчезна во Британија


Исчезна клучниот сведок во случајот со исчезнатиот македонски бизнисмен Ремзи Хоџа, Илир Кумбаро, поранешен висок функционер на албанската тајна служба ШИК. Кумбаро не појавил на рочиштете во Суд во Лондон, на кое требаше да се одлучува за негова екстрадиција во Албанија, поради обвиненија за тортура.

Поради можноста тој да ја напушти Велика Британија, британските власти ги зајакнале котролите на аеродромите и граничните премини.

Илир Кумбаро (57) е еден од четворицата поранешни високи функионери на ШИК кои се обвинети за киднапирање и исчезнување на македонскиот бизнисмен Ремзи Хоџа во октомври 1995 гoдина.

Кумбаро веќе 15 години со семејството живее во Лондон, под лажен идентитет како косовски бегалец со име Шаќа Шатри. Како таков, тој добил политички азил, британско државјанство, социјален стан и месечен паричен надоместок.
XS
SM
MD
LG