Достапни линкови

logo-print

Расмусен - Русија троши пари на борба со замислен непријател


Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.

Руските контрамерки на противракетниот штит на НАТО во Европа се фрлање пари зашто се насочени кон замислен непријател, изјави генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен. Тој ова го кажа пред почетокот на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО во Брисел, на кој, меѓудругото, ќе се разговара и за плановите за противракетниот штит во Европа.

Началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, генерал Николај Макаров, претходно изјави дека Русија почнала да распоредува нови одбранбени системи во западната ексклава Калининград на границите на ЕУ, па така, кога противракетниот систем на НАТО ќе стане оперативен, повторно ќе има баланс меѓу нуклеарната моќ на двете страни.
XS
SM
MD
LG