Достапни линкови

Сребро во Париз за уметникот Константин Качев


Наградената слика „Донесен со ветерот“ и авторот, сликарот Константин Качев.

Наградената слика „Донесен со ветерот“ и авторот, сликарот Константин Качев.

За делото „Донесен со ветерот“, македонскиот сликар Константин Качев го освои сребрениот медал на неодамна завршениот Есенски салон во музејот Гранд пале во Париз. Тој минатата година освои бронза.

Во конкуренција на повеќе од 2.500 ликовни уметници од светот чии дела се најдоа на постановката на тема „Уметност и капитал“ што се одржа во рамките на Есенскиот салон во реномираниот париски музеј Гранд пале, македонскиот сликар Константив Качев за делото Донесен со ветрот од циклусот Емигрант посветен на Децата бегалци и жртвите на егзодусот го освои сребрениот медал.
Многу ми е драго и верувам дека и на кој било друг кога неговото дело вака ќе остане забележано не во Макеоднија, тука некаде надвор на такво ниво, бидејќи тоа е единствен Салон во цел свет, во Париз секоја година во тоа време.

Наедно тој беше награден и со паричен износ од престижната фондација Тејлор, што дефинитивно подразбира дека минатогодишното освојување на бронзата за сликата Јас видов се нималку не било случајност кога станува збор за творештвото на овој наш автор.

„Многу ми е драго и верувам дека и на кој било друг кога неговото дело вака ќе остане забележано не во Македонија, тука некаде надвор на такво ниво, бидејќи тоа е единствен Салон во цел свет, во Париз секоја година во тоа време. Пред неколку години Манасиевски доби златен медал, таа информација ми беше многу драга, поттик ми беше и јас да се пријавам за да учествувам.“

На љубителите на рок-музиката, уметникот Качев им е познат и како гитарист на хеви-метал составот Санаториум.

На љубителите на рок-музиката, уметникот Качев им е познат и како гитарист на хеви-метал составот Санаториум.

​Овие награди на уметникот догодина ќе му овозможат и двомесечен студиски престој во Париз, а многу поважно од тоа е што неговото име и творештво се најдоа во Светскиот каталог за 2011.

„Секој месец добивам по две-три понуди не само за во Франција, туку и за цел свет. Тоа е прва позитивна работа што во Светскиот каталог сум внесен со се, со адреса, со телефон, со меил, со сите податоци, со самата слика, така да луѓето може тоа да го видат.“

Качев е член на ДЛУМ и зад себе има голем број на изложби во земјава и во странство од кои посебно за издвојување се постановките во Њујорк, Париз, Лион, Минхен и Берлин, а во перидов што следува интензивно се подготвува за новата средба со македонската ликовна публика што треба да се случи напролет во Куманово и во Скопје и за постановката во Москва, во Русија.

„Тоа е една престижна галерија до самиот Кремљ. Како што добив информации, таму и руски уметници чекаат со месеци да изложат. Ова ми е најновиот циклус Емигрант кој не е довршен се уште, би сакал да направам една завршница условно на тој циклус и веројатно само со тоа ќе се преставам во Москва.“

Наедно, сликарот на љубителите на рок музиката во Македонија им е познат и како гитарист на хеви-метал составот САНАТОРИУМ, бендот што по долгогодишна пауза најавува нов албум и враќање на сцената.

„Секогаш си работевме пред се од љубов спрема таа музика. Чуствуваме потреба едноставно да се собереме и да го издадеме тој албум, а резултаот каков ќе биде ќе видиме сите заедно.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG