Достапни линкови

logo-print

Асад - Само луд човек би го нападнал сопствениот народ


Сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад негира дека наредил убивање на илјадници демонстранти и рече дека „само луд човек“ би го нападнал сопствениот народ. За американската телевизија Еј-Би-Си, Асад изјави дека „немало наредба за убивање или за бруталност“ на антивладините демонстранти и посочи дека безбедносните сили се владини, а не лично негови. Според проценките на ОН, во немирите во Сирија што почнаа во март загинале околу 4.000 луѓе. Асад ги оспорува тие бројки велејќи дека поголем број од жртвите се поддржувачи на владата.
XS
SM
MD
LG