Достапни линкови

Бугарија се откажа од нафтоводот Бургас-Александрополис


Бугарскиот министер за финансии Симеон Џанков.

Бугарскиот министер за финансии Симеон Џанков.

Бугарија се откажа од изградбата на трансбалканскиот нафтовод Бургас-Александрoполис, кој беше поддржан од Русија, соопшти бугарската влада.

Бугарскиот министер за финансии Симеон Џанков изјави дека неговата земја сака да се откаже од учеството во проектот на заемна согласност, но ако нејзините партнери не се согласуваат со тоа, Бугарија „ќе се повлече еднострано во рок од 12 месеци“.


Тој рече дека Софија е подготвена да ги врати 8,2 милиони долари што ги должи на конзорциумот Трансбалкан нафтовод. Конзорциумот е во доминантна сопственост на Русија, која поседува 51 отсто од акциите, додека Грција и Бугарија поседуваат еднаков дел од останатите акции.

Нафтоводот беше замислен како алтернатива за снабдување на Европа со нафта, а да ги избегне турските процепи Босфор и Дарданели.
XS
SM
MD
LG