Достапни линкови

Нова трка во вооружување меѓу Русија и НАТО


Началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, генерал Николај Макаров.

Началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, генерал Николај Макаров.

Русија се втурнува во нова трка во вооружување со планираните распоредувања на американскиот противракетен штит во Европа, изјави началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, генерал Николај Макаров.

На странските воени аташеа Макаров им соопштил дека Русија почнала да распоредува нови одбранбени системи во западната ексклава Калининград на границите на ЕУ, па така, кога противракетниот систем на НАТО ќе стане оперативен, повторно ќе има баланс меѓу нуклеарната моќ на двете страни.

Вашингтон тврди дека противракетниот штит се поставува за заштита од можен напад од Иран, но Русија стравува дека тоа ќе го направи неефективен нејзиниот нуклеарен арсенал.

НАТО го одби барањето на Русија за изградба на заеднички противракетен систем.
XS
SM
MD
LG