Достапни линкови

Бизнисмените се плашат да зборуваат за проблеми со инспекциите


Tie

Tie

Управата за јавни приходи, судството и извршителите најнегативно влијаат врз бизнис климата, деловните субјекти се плашат јавно да зборуваат за своите проблеми поврзани со инспекцискиот надзор, глобите за стопанството се многу високи, а затворањето на фирмите како казна треба да се укине.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата „Влијанието на инспекцискиот надзор врз деловната клима“ спроведена од Асоцијацијата за граѓанска толеранција и соработка, во рамки на проектот „Инспекторот ѕвони колку што сака“, од 15 септември до 14 октомври годинава, со која се опфатени 266 фирми – испитаници.

Најпозитивно влијание врз деловната клима, пак, имаат Организацијата на работодавачи и Централниот регистар, додека речиси никакво или неутрално Берзата, инвестициските фондови и синдикатите.
XS
SM
MD
LG