Достапни линкови

logo-print

Папандреу бара подолг мандат за владата на Пападимос


Лукас Пападимос при положувањето заклетва на премиеркста функција на 11 ноември 2011 година.

Лукас Пападимос при положувањето заклетва на премиеркста функција на 11 ноември 2011 година.

Новата грчка Влада предводена од Лукас Пападимос треба да има подолг мандат за спроведување на структурните реформи, изјави лидерот на ПАСОК, Јоргос Папандреу на синоќешната заклучна дебата во Парламентот посветена на буџетот за 2012 година.

Лидерот на социјалистите појасни дека донел одлука да се повлече од премиерската функција со цел да му се овозможи на коалицискиот кабинет со највисок степен на консензус да ја продолжи политиката, која беше спроведувана од претходната влада.

Тој рече дека постојаните повици за предвремени избори негативно влијаат врз Грција. Папандреу изјави дека парламентарни избори ќе се одржат кога на меѓународен план повторно ќе се создаде атмосфера на доверба кон Грција.

Папандреу упати критика до конзервативните влади во Европа, нагласувајќи дека сегашната ситуација во еврозоната е резултат на нивниот неуспех.
XS
SM
MD
LG