Достапни линкови

Турција нема да ја признае Република Кипар за да влезе во ЕУ


Егемен Багиш

Егемен Багиш

Турција никогаш нема да се откаже од националните интереси во Северен Кипар и нема да ја признае грчката администрација во Никозија за да стане членка на Европската унија.
Турскиот министер за евроинтеграција Егемен Багиш изјави дека Турција нема да контактира со Република Кипар додека таа биде претседавач со Европската унија од 1 јули следната година.
Багиш меѓутоа појасни дека Анкара во тој период од 6 месеци ќе ги продолжи контактите со ЕУ, со која веќе пет години води претпристапни преговори.
Турција Северен Кипар во 1983 година еднострано го прогласи за своја држава, која досега е призната само од Анкара.
XS
SM
MD
LG