Достапни линкови

Париз: Македонија и Грција да се посветат на спорот за името


Бернард Валеро

Бернард Валеро

Официјален Париз ја зема предвид пресудата донесена на 5 декември од Меѓународниот суд на правдата, во која беше оценето дека Грција не ги почитуваше своите обврски спротиставувајќи се на членството во НАТО на „Поранешната Југословенска Република Македонија“, поради разликите кои постојат меѓу двете земји околу прашањето за името“,
Во официјалната реакција на портпаролот на француското Министерство за надворешни работи Бернар Валеро, инаку поранешен француски амбасадор во Македонија, се испраќа и повик до политичките раководители во двете земји да извлечат поука од пресудата, јави МИА од Париз.
- Ги повикуваме политичките раководства на двете земји да извлечат поука од пресудата и повторно да воспостават дијалог и контакти, како и да се посветат на дијалогот на конструктивен начин, со цел да се постигне заемно прифатливо решение за разликата околу името, стои во реакцијата на француското Министерство за надворешни работи.
Европратениците Моника Маковеј, Едуард Кукан и Мартин Кастлер од своја страна ја поздравија пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, и побараа почитување на Времената спогодба, меѓународното право, отстранување на грчката блокада на Македонија и почеток на пристпаните преговори со ЕУ, како и конечно решавање на прашањето за името.
XS
SM
MD
LG