Достапни линкови

logo-print

Грчкиот парламент го усвои буџетот за 2012 година


Грчкиот парламент рано изутрината го усвои штедливиот буџет за 2012 година, чија цел е со зголемување на даноците и со намалување на јавната потрошувачка да го намали големиот долг на земјата. Буџетот, поддржан од социјалистите, конзервативците и екстремните десничари, на гласањето доби 258 гласа за, а 41 против. Тој содржи пакет непопуларни мерки неопходни за намалување на дефицитот и за уверување на странските кредитори дека земјата ги доведува во ред јавните финансии.
Меѓутоа, лидерот на Нова Демократија Андонис Самарас јасно даде до знаење дека го поддржал буџетот само за да се спречи банкротот на Грција и вети дека ќе ја ублажи даночната политика и ќе донесе мерки за пораст на економијата ако победи на изборите најавени за февруари.
XS
SM
MD
LG