Достапни линкови

logo-print

Критики за изборите во Русија


Кетрин Ештон и Хилари Клинтон

Кетрин Ештон и Хилари Клинтон

Меѓународната заедница ја критикува Русија поради неделните парламентарни избори, на кои победи партијата на премиерот Владимир Путин. Американската државна секретарка Хилари Клинтон, говорејќи на состанокот на ОБСЕ во Вилнус, изјави дека изборите оставаат простор за сериозна загриженост. Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон исто така изрази загриженост за некои аспекти на изборниот процес, изразувајќи надеж дека тие ќе бидат решени до претседателските избори закажани за напролет. Загрижуваат информациите за недоволна непристрасност на медиумите, недоволна подвоеност меѓу државата и политичките партии, како и отежнување на обидите за независен надзор, нагласи Ештон.
XS
SM
MD
LG