Достапни линкови

Жителите на Триполи да го предадат оружјето до Нова година


Жителите на либискиот главен град Триполи имаат рок до крајот на месецов да им го предадат оружјето на властите, изјави шефот на локалниот совет на градот Абдел-Рафик Бу Хаџар. Тој додаде дека сите бригади што не се од Триполи мора да го напуштат градот до 20-ти овој месец, а оти градската бригада треба да биде распуштена до крајот на годинава. Хаџар истакна дека сите вооружени поединци мора да се придружат на безбедносните сили или да се вратат на цивилниот живот. Од крајот на осуммесечните воени судири во Либија, по кои беше соборен режимот на поранешниот либиски лидер Моамер ел Гадафи, ривалските револуционерни милиции постојано доаѓаат во судир.
XS
SM
MD
LG