Достапни линкови

САД: Македонија и Грција да го искористат моментот за решавање на спорот за името


Марк Тонер - портпарол на Стејт Департментот

Марк Тонер - портпарол на Стејт Департментот

„Во основа мислам дека ние едноставно ќе ургираме до политичките раководства на двете земји да ја искористат оваа судска одлука како можност за дополнителна енергија во нивните напори за прашањето на името“, изјави денеска портпаролот на американскиот Стејт Департмент Марк Тонер на брифингот на новинарите во Вашингтон по повод одлуката на Меѓународниот суд за Правда во Хаг дека Грција ја прекршила времената спогодба блокирајки ја Македонија да стане членка на НАТО во 2008.
Тој додаде дека лидерите на двете земји треба да го искористат своето лидерство со цел да дојдат до решение од кое корист ќе имаат двете земји.
XS
SM
MD
LG