Достапни линкови

Прва средба меѓу Попоски и неговиот грчки колега Димас


Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Попоски и Ставрос Димас, обострано декларирале посветеност за постигнување заемно прифатливо решение за иметo. Тие денеска се сретнаа на маргините од 18. Министерски состанок на ОБСЕ во Вилнус, Литванија.

На средбата, како што јави известувачот на МИА, од македонска страна била потенцирана потребата од почитување на меѓународниото право и на институциите кои го имплементираат. Од грчка страна, пак, била декларирана подршка за процесот на проширување со регионот, на што Македонија се заложила за конкретни дејства во овој правец.
XS
SM
MD
LG