Достапни линкови

logo-print

Протести и контра-протести и во Русија


Полицијата ги апси оние што протестираат против, како што велат, изборната измама.

Полицијата ги апси оние што протестираат против, како што велат, изборната измама.

Полицијата уапси голем број луѓе кои се обиделе да протестираат против наводната изборна измама во центарот на Москва. Стотици луѓе се собрале на плоштадот Триумфалнаја и извикувале слогани против премиерот Владимир Путин, и покрај големото присиство на полицијата.

Сепак, побројни биле контра-протестите на поддржувачите на Путин кои се собрале пред Кремљ.

Полицијата соопшти дека биле уапсени околу 250 луѓе, меѓу кои и опозицискиот лидер и поранешен министер Борис Немцов. Околу 50 луѓе биле уапсени и во Санкт Петерсбург.

Партијата единствена Русија на Путин победи на изборите, но има голем пад на популарноста.
XS
SM
MD
LG