Достапни линкови

logo-print

Тачи - Со договорот за границите, Србија го призна Косово


Косовскиот премиер Хашим Тачи.

Косовскиот премиер Хашим Тачи.

Договорот меѓу Белград и Приштина за заедничко управување со границата претставува признавање де јуре од страна на Србија на Република Косово, изјави денеска косовскиот премиер Хашим Тачи на отворената седница на кабинетот.

„Србија соодветно на тоа ја призна границата со Косово“, истакна Тачи.

Белград и Приштина во петокот во Брисел со посредство на ЕУ постигнаа договор за заедничко управување со граничните премини. Согласно договорот српски полицајци и цариници, како и косовски полицајци и цариници, ќе управуваат заедно со овие пунктови под контрола на мисијата на ЕУ во Косово ЕУЛЕКС, која служи како посредник меѓу двете земји.

Шефот на српскиот преговарачки тим Борислав Стефановиќ по постигнувањето на договорот истакна дека не станува збор за договор за границата, бидејќи на пунктовите нема да има косовските државни симболи. Тој истакна дека косовските цариници и полицајци ќе имаат статус на „царински сведоци“, односно ќе имаат статус на набљудувачи.
XS
SM
MD
LG